Роналдињо пред изесно време соопшти дека наредната година и официјално ќе стави крај на неговата неверојатна фудбалска кариера, па сега полека почнува да прави заклучоци за тоа што направи во изминативе години и дали воопшто постои нешто за што може да жали.
Во своето последно интервју за „Гулф њус“, легендарниот бразилски фудбалер потенцирал дека е горд што освои се што можеше да се освои во фудбалската кариера, но не заборавил да потсети дека посебно жали за тоа што не можел да мине повеќе време играјќи со сегашната најголема ѕвезда на Аргентина и Барселона, Лионел Меси.
– Постигнав се и освоив се што можеше да се освои во кариерата и навистина сум горд на тоа. Ако има за што да жалам во кариерата, тогаш тоа секако е времето кое го минав со Лионел Меси. Ќе ми беше навистина мило ако играв многу повеќе покрај него, тој е фантастичен фудбалер и навистина ми е драго што бев човекот кој му асистираше за првиот гол во кариерата. Гледајќи го во каков фудбалер се разви, не можам да не жалам што не играв повеќе години со него, но ситуацијата беше таква каква што беше и јас мораше да си заминам од Барселона, – јасно нагласил Роналдињо.
За поврзани вести продолжете надолу