Роџерс тврди дека е лојален на Лестер

Брендaн Роџерс тврди дека е лојален на Лестер, и покрај силниот интерес од Арсенал за него.

Поранешниот шеф на Ливерпул се справува одлично на клупата на „лисиците“, кои се втори во Премиер лигата и добиваат сериозни пофалби.

За него се верува дека има клаузула во неговиот договор од 14 милиони фунти, но стратегот останува мирен. „Да, јас сум посветен на Лестер. Пред осум и пол месеци, заминав од клуб и дојдов во тим со амбиција. Предизвикот да влезам во првите 6 е сериозен и уживам во секоја минута помината тука.

Сè уште имаме работа да завршиме, но возбуден сум “, изјави тој за Би-Би-Си, откако синоќа го совлада Евертон.

„Лестер ме третира многу добро и проектот е навистина возбудлив бидејќи има уште многу развој. Затоа сум целосно сконцентриран. Ќе видиме каде сме на 10 кола пред крајот и тогаш ќе имаме појасна идеја за тоа каде можеме да завршиме“, посочи тој. „Да, постои клаузула за ослободување во договорите на менаџерите, но во овие случаи, тоа е прилично нешто хипотетичко“, рече Роџерс.

Тој не пропушти да гопофали Келечи Ихеаначо, кој влезе од клупата и постигна гол и асистенција за успехот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e