Роберто Карлос го избра најдобриот лев бек во светот и најдобриот десен бек во Европа

Роберто Карлос му правеше друштво на Луис Назарио Де Лима Роналдо во ексклузивното обраќање кое го имаа за шпанското радио „Онда Серо“.

А, додека напаѓачот се одлучи да открие една интересна анегдота поврзана со Флорентино Перез од времето во Реал, легендарниот лев бек се одлучи да ги избере најдобрите двајца странични дефанзивци во моментов.

Бразилецот беше препознатлив по својата експлозивност и разорен шут од кои стравуваа сите светски голмани, а ако досега во неколку наврати порача дека негова најблиска копија е Марсело, овојпат се одлучи да го посочи и најдобриот десен бек во овој момент.

– Како што кажав во неколку наврати досега, најдобар лев бек во светот е Марсело. Што се однесува до десната бековска позиција, таму има поголема конкуренција, но според мене најдобар десен бек во Европа во овој момент е Дани Карвахал, – истакнал Карлос, образложувајќи дека тренинзите се она што најмногу му недостасува од професионалната фудбалска кариера.

– За разлика од Роналдо, јас уживав во тренинзите. За мене, најзабавниот дел од фудбалот беа тренинзите и навистина ми недостасуваат, – признал Бразилецот.
За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e