РК Вардар со 28 трофеи во 27 сезони

Со триумфот над Еурофарм Работник од 36:29, на две кола до крај на плејофот во машката Супер лига ракометарите на Вардар и теоретски ја потврдија 13. титула во првенството на Македонија.

Вардар е најтрофеен тим во Македонија со вкупно 28 трофеи во 27 сезони. Од тоа Вардар 13 пати бил првак на Македонија, 13 пати победник на Куп и два пати победник на Супер купот.

„Црвено-црните” се единствен тим со повеќе од 10 титули во Македонија. Вардар е прв тим со рекордни 13 шампионски титули, прв тим со пет титули по ред и прв тим кој двапати освојувал по четири титули по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e