Македонската репрезентација издвојува победа над Србија од 37-31 во првиот подготвителен меч пред настапот на мундијалот во Данска и Германија.
Според искусниот Борко Ристовски имало пропусти во играта и тоа морало да се поправи ако сакаме да бидеме подобри и да дојдеме до повисок резултат на престојниот мундијал.
-Ова беше натпревар на кој се пробаа некои работи, ние на поставена одбрана не примивме многу голови. Примените голови беа на празен гол и на грешките кои ги правевме „седум на шест“. Тој сегмент мораме да го подобриме. Одбраната и не беше така лоша, ама по грешки во нападот примивме од 8 до 10 голови. Да беа тие грешки сведени на минимум, границата ќе беше на 24-25 што секако е солидно за млада репрезентација како нашата. Има доста за поправање, особено играта седум на шест. Одбрана како одбрана беше солидна, не треба да биде предобра затоа што има време до СП, -порача Ристовски.