Раул Гонзалес ја раскина соработката со РФМ – Македонија остана без селектор

Шпекулациите по ракометното Светско првенство во Германија и Данска станаа реалност. Раул Гонзалес ја раскина соработката со ракометната федерација на Македонија (РФМ).
РФМ денеска обелодени за спогодбената разделба со шпанскиот стратег и тренер на Пари Сен Жермен.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, стои меѓудругото во соопштението на РФМ.

Гонзалес го презеде Националниот тим во март 2017-та година по оставката на Лино Червар. Македонија ја предводше на ЕП 2018, како и на Мундијалот во Германија и Данска 2019, каде завршија на 15.место.

РФМ ќе мора итно да најде соодветна замена со оглед на тоа што Македонија во април ја очекуваат нови два натпревари против Исланд, во рамките на квалификациите за ЕП 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e