Ракометниот „министер за одбрана“ во нова улога: Борко Ристовски ќе биде советник за спорт на Мицкоски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обзнани тим на соработници за наредниот период. Меѓу нив и спортско име. Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски е назначен за советник за спорт на првиот човек на најголемата опозициска партија во земјата.

„Изборот за соработник за спорт падна на Борко Ристовски, долгогодишен македонски ракометен репрезентативец чии успеси на клупски план и со националниот тим се добро познати на целокупната јавност“, рече Мицкоски.

„Министерот за одбрана’, прекар што го доби при настапите со репрезентацијата на Европските и Светски ракометни првенства, моментно е член на Бенфика. Почетоците на неговата сениорска кариера се врзани со екипата на Македонија по што настапуваше и за Вардар, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар Левен и за Барселона. За македонскиот национален тим одигра 124 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e