Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ останува на став за заминување од „Камп Ноу“, но отфрла можност за трансфер во Манчестер Јунајтед, јавуваат медиумите на Островот.
Главната причина за тоа била неподготвеноста на хрватското семејство да се пресели во англискиот град. Посакувани дестинации за нив се Париз и Милано.
Каталонците решија да се потпираат на помлади играчи, па хрватскиот репрезентативец размислува да стави крај на престојот во Барселона и размислува за понудите што ги има за продолжување на кариерата. Неговиот договор со актуелниот шпански шампион е до 2021 година.