Ракитиќ: Ако можам да играм, нема подобро место за мене од Барса

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ беше стартер за Каталонците во синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид.

Од почетокот на сезоната, Хрватот ретко паѓа во плановите на менторот Ернесто Валверде, а синоќа го замени казнетиот Серхио Бускетс.

„Не ја разбирам ситуацијата, затоа што сакам да играм. Ако можам да играм, нема подобро место за мене од Барса. Сакам да уживам секој ден и ако можам да останам, дури и подобро“, рече Ракитиќ по дуелот на „Ванда Метрополитано“.

„Сакам да дадам се од себе. Имам доверба на моите соиграчи и ако тренерот се потпира на мене, тогаш тој исто така има доверба во мене“, изјави и играчот од средниот ред на „сините“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e