Пулишиќ по „хет-трикот“ против Барнли: Посебен натпревар за мене

Кристијан Пулишиќ очекувано беше среќен откако реализираше „хет-трик“ во победата на Челзи со 2:4 над Барнли во Премиер лигата.

Овие беа првите голови на Американецот за „сините“, а на тој начин ја оправда својата позиција во стартните 11, откако стартуваше дуел за прв пат од август.

„Едноставно е нереално! Каков ден за мене, навистина! Задоволен сум од резултатот, иако посакувам да ја сочувавме мрежата „сува“. Сепак, на крајот, навистина беше посебен натпревар за мене“, рече Пулишиќ.

„Почетокот на сезоната беше навистина тежок. На првите средби бев носител, но после тоа ја изгубив позицијата и само сакав да ги вратам минутите и да бидам влијателен. Во последните неколку недели тоа се случи, јас можев да му помогнам на тимот на некои натпревари и тоа ми го донесе место во првиот тим сега“, вели тој.

„На крајот на краиштата, кога ќе дојдете во голем клуб, работите не успеваат брзо. Сепак, задоволен сум од напредокот што го имам и ќе продолжам оттука натаму“, рече Пулишиќ.

Тој инаку е најмладиот со „хет-трик“ за Челзи во Премиер лигата, откако го запиша на 21 година и 38 дена

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e