Првиот пик на Дрфатот го пропушта стартот на НБА

Избраниот како број 1 на НБА Драфтот оваа година, Зион Вилијамсон ќе треба да го чека долгоочекуваното деби во НБА. 19-годишниот талент се подложи на операција на десното колено и ќе се опоравува помеѓу 6 и 8 недели, откри неговиот клуб Њу Орлеанс Пеликанс.

Вилијамсон во последните 12 месеци има проблеми со коленото. Тој пропушти неколку натпревари за својот колеџ тим Дјук и, откако беше избран од „пеликаните“, запиша само 8 минути во летната лига на НБА. Тој претходно настапуваше многу добро во четири претсезонски натпревари за Њу Орлеанс и во просек имаше 23,3 поени и 6,5 скокови.

Силата, атлетичноста и моќните забивања го направија Вилијамсон вистинска сензација. Од настапот на Леброн Џејмс во НБА лигата, нема ниту еден играч на кого му се доверени такви надежи да блесне уште од неговите први дуели како професионалец.

Зион ќе стане четвртиот кошаркар број 1 на Драфтот што ќе го пропушти воведниот натпревар од сезоната. Истата работа се случи и со Грег Оден во 2007 година, Блејк Грифин во 2009 година и Бен Симонс во 2017 година.

Пеликанс ќе се соочат со шампионот Торонто Рапторс ноќта вторник наспроти среда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e