Првиот човек на Динамо Мамиќ ќе се соочи со затворска казна од 15 години

Судијата во Осиек попладнево треба да ја соопшти одлуката дали Здравко Мамиќ е виновен за затајување на пари и данок од трансфер на играчите на „модрите“

Првиот човек на хрватскиот шампион Динамо и највлијателната фудбалска личност во Хрватска, Здравко Мамиќ, денеска ја очекува пресудата од Судот во Осиек. Мамиќ е обвинет дека од Динамо успеал да извлече 116 милиони куни и тоа како дел од трансферите што ги правил на играчите од овои тим. Меѓу тие трансфери се и оние на капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ и Дејан Ловрен.

Ако се прогласи дека е виновен, тоа ќе значи дека Мамиќ успеал да ја оштети и државата Хрватска за 12,2 милиони куни неплатен данок. Покрај Здравко Мамиќ, обвинети се и неговиот брат Зоран, потоа директорот на хрватската фудбалска федерација и поранешен директор на Динамо Дамир Врбоновиќ, како и даночникот Милан Пернар.

Судењето започна на 27 април минатата година, а сите четворица обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Доколку Здравко Мамиќ биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна и до 15 години. Ако затворската казна е над 5 години, обвинетите од судење, веднаш ќе бидат префрлени во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e