Прва генерација тренери на голмани со УЕФА А диплома

Саша Илиќ, Горан Симов, Љупчо Кметовски, Пеце Коруновски, Филип Маџовски и Томе Пандев, ги добија своите дипломи и лиценци откако успешно го комплетираа курсот за тренери и инструктори за стекнување УЕФА „А“ диплома.

Покрај нив, дипломи добија и трoјцата инструктори за тренери на голмани, Данчо Целески, Зоран Мицевски и Суат Зендели.

Тие се дел од првата генерација на кандидати на Фудбалската федерација на Македонија од Центарот за едукација, а денеска во „Куќата на фудбалот“ дипломите и лиценците им беа врачени од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и техничкиот координатор за младински селекции, Зоран Стратев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e