Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, потврди вчера за „РМЦ Спорт“ дека бил одбиен од Жозе Мурињо да го предводи тимот.
Тој ја откри и причината за ова – Специјалниот веќе избрал друг клуб. „Разменивме неколку СМС-пораки. Тој ја одби нашата понуда за средба затоа што веќе избрал друг клуб“, откри Ола во телефонска прес-конференција.
Медиумите во Англија јавуваат дека Мурињо е близу до преземање на Тотенхем, откако има огромно искуство во Премиер лигата со екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед. Лоран Блан се сметаше за фаворит за испразнетата тренерска позиција на Силвињо.