Пресврт за историја: Барселона направи чудо и го елиминира ПСЖ

Екипата на Барселона направи вистинско изненадување и успеа да го елиминира францускиот Парис Сен Жермен во рамките на осминафиналето на европската лига на шампиони во фудбал анулирајки 0: 4 од првиот меч во Париз.

Барселона имаше контрола на играта во текот на целиот меч, водеше и со 3:0 со головите на Меси, Суарез и автогол на Курцава и беше на само еден гол до додатни 30 минути игра. Меѓутоа шок следуваше во 62 минута кога по грешката на Ракитиќ прецизно стрелаше Кавани за 3:1 со што се чинеше дека патникот во осминафиналето е веќе познат.

Меѓутоа Барса не се предаде и со двата гола на Нејмар во 88-ма и 91-ва од минута  и еден на Серхио Роберто во последните секунди од натпреварот успеа  да дојде до 6:1 и со вкупен резултат од 6:5 да се пласира во четврфиналето.

На вториот натпревар Борусија Дортмунт успеа да победи со  4:0 и со вкупен резултат од 4: 1 да го продолжи натпреварувањето во натамошната фаза од лигата на шампионите.

Предходно пласман во следната фаза обезбедија и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e