Преполовена казната за Фонсека: Португалецот ќе ја води Рома против Милан

Италијанскиот арбитражен суд за спорт ја прифати жалбата на Пауло Фонсека и ја намали неговата суспензија од два на еден меч, објавија Рома преку нивниот Твитер налог. Казната за португалскиот менаџер беше изречена за неговите саркастични гестикулации кон главниот судија Маса по ремито со Калјари (1:1) во Серија А.

Преполовување на казната значи дека Фонсека ќе го пропушти само дуелот со Сампдорија во претстојниот викенд и ќе може да биде на клупата на „волчицата“ во дербито со Милан на 27 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e