Познато зошто играчите на Барселона ја бојкотираа гала вечерта во Примера, шпанските медиуми со жестоки критики

Во Понеделник вечерта се доделија признанијата на најдобрите поединци во шпанскиот фудбал за изминатата натпреварувачка сезона, но ако во прв план се најде тоа што Атлетико Мадрид комплетно доминираше во изборот на Ла Лига, сега доста актуелна тема е отсуството, односно игнорирањето на гала вечерта од страна на фудбалерите на актуелниот шампион.

На церемонијата која се одржа во Валенсија не се појави ниту еден член на Барселона, а сега каталонските медиуми ја открија и главната причина поради која фудбалерите и комплетниот стручен штаб го бојкотирале ценетиот избор. Причината се крие во тоа што Луис Енрике не беше еден од трите номинирани за најдобар тренер во Примера и покрај тоа што ја освои титулата, па во знак на солидарност на „Лучо“, ниту еден играч не се појави при доделувањето на наградите.

Единствени од Барса кои добија признание од Ла Лига синоќа беа Лионел Меси кој беше избран за најдобар напаѓач и Луис Суарез кој беше избран за најдобар странски играч, но разочарувањето на „Камп Ноу“ е големо и поради тоа што за најдобар играч на сезоната беше прогласен Антоан Гризман.

Ваквата постапка на играчите на Барслеона наиде на доста жестоки критиките од страна на домашните медиуми, а со јасна замерка излезе и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Не само на мене, на сите ќе ни беше чест ако се појавеше некој играч на Барселона. Ова е знак на непочитување на своите колеги и глобално на шпанскиот фудбал, – изјавил разочараниот Тебас по гала вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e