Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ги објави сите 30 кандидати за „Златната топка“ во 2019 година.
Европскиот шампион Ливерпул има дури 7 фудбалери меѓу нив, а ова е тимот со најмногу играчи и сосема логично.
Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Роберто Фирмино, Трент-Александар Арнолд, Џорџино Вајналдум, Мохамед Салах и Алисон Бекер сите имаат шанса да ја освојат најпрестижната индивидуална награда.
Меѓу номинираните, очекувано, се и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Победниците ќе бидат избрани по специјалното гласање на жирито од 180 новинари од целиот свет. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 2 декември во Париз.
Еве ги сите номинирани за наградата: Вирџил ван Дајк (Ливерпул / Холандија) Бернардо Силва (Ман Сити / Португалија) Хјун Мин-сон (Тотенхем / Јужна Кореја) Роберт Левандовски (Баерн Минхен / Полска) Роберто Фирмино (Ливерпул / Бразил) Алисон (Ливерпул / Бразил) Матијас де Лихт (Јувентус / Холандија) Карим Бензема (Реал Мадрид / Франција) Џорџино Вајнлдум (Ливерпул / Холандија) Серхио Агуеро (Манчестер Сити / Аргентина) Френки де Јонг (Барселона / Холандија) Уго Лорис (Тотенхем / Франција) Душан Тадиќ (Ајакс / Србија) Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија) Килијан Мбапе (ПСЖ / Франција) Трент-Александар Арнолд (Ливерпул / Англија) Дони ван де Бик (Ајакс / Холандија) Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал / Габон) Марк-Андре тер Штеген (Барселона / Германија) Садио Мане (Ливерпул / Сенегал) Лионел Меси (Барселона / Аргентина) Ријад Марез (Манчестер Сити / Алжир) Кевин де Бруин (Манчестер Сити / Белгија) Калиду Кулибали (Наполи / Сенегал) Антоан Гризман (Барселона, Атлетико Мадрид / Франција) Рахим Стерлинг (Манчестер Сити / Англија) Маркињос (ПСЖ / Бразил) Еден Азар (Реал Мадрид / Белгија) Жоао Феликс (Бенфика, Атлетико Мадрид / Португалија) Мохамед Салах (Ливерпул / Англија).