Италијанскиот фудбалски клуб Палермо е згаснат. Локалниот суд постапи по барањето на обвинителот и клубот од Сицилија го прогласи за неликвиден.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Андреа Зампарини, син на газда Маурисио, понудил 10 милиони евра за отплата на долговите, сума што, сепак, била оценета како недоволна.
Клубот кој откри и лансира бројни фудбалски асови, во формата во која дочека згаснување постоеше од 1987 година и беше трет правен наследник на Палермо кој е формиран во 1900 година.
Трипати завршуваше на петтото место во Серија А, а не така одамна, во 2011 година, играше и во финалето на италијанскиот Куп. Поради преголеми финансиски проблеми, Палермо беше исфрлен во Серија Б за сезоната 2019/20, меѓутоа новиот клуб, ССД Палермо, кој настана недолго по одлуката, почна од Серија Д.
Низ Палермо минаа бројни фудбалски величини како Лука Тони, Пауло Дибала, Единсон Кавани, Хавиер Пасторе, Андреа Белоти, Фабрисио Миколи, но и македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски кои ги продолжија кариерите во Удинезе, односно, Мајорка.