Прв кандидат за наследник на Италијанецот е неговиот сонародник, Маурицио Сари, но се појавија неочекувани проблеми околу неговото назначување. Поранешниот тренер на Наполи имал клаузули во својот договор, кои го спречуваат да работи во странство. Тука се и парите кои треба да ги добие како обештетување од италијанскиот вицепрвак, бидејќи договорот му беше предвремено прекинат.
Сега англиските медиуми започнаа шпекулации дека Лорен Блан е најблизу да седне на клупата на Челси. Французинот беше тренер во Бордо, ПСЖ и ја водеше и француската фудбалска репрезентација, а како фудбалер беше дел од екипата на Манчестер јунајтед.