Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не планира да купува играчи во зимскиот преоден рок и покрај лошите резултати од почетокот на сезоната. Тотенхем е деветти на табелата во Премиер лигата со заостанување од 13 бода во однос на лидерот Ливерпул.
„Мислам дека не ни требаат нови фудбалери во зима. Верувам на играчите кои ги имам во моментот. Го почитувам мислењето на луѓето кои велат дека ни треба промена, но ако зависи од мене, ќе продолжам да сметам на истите играчи затоа што тие се доволно добри, прокоментира Почетино на прес-конференција.