Почина Едуард Кокшаров на 51 година – поранешен тренер и директор на Вардар

Тажна вест доаѓа од Белорусија, каде што на 51-годишна возраст почина Едуард Кокшаров – поранешен тренер и долгогодишен спортски директор на ракометниот клуб Вардар.

Информацијата ја соопшти клубот Мешков Брест, каде што Кокшаров ја извршуваше тренерската функција до неговата ненадејна смрт.

Кокшаров остави значаен белег во Вардар, каде што покрај директорската улога, една сезона беше и тренер на тимот. Тој беше дел од најголемите успеси на „црвено-црните“, вклучително и освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година.

Во својата богата кариера, Кокшаров беше истакнат репрезентативец на Русија, а подоцна и селектор на националниот тим. Во периодот од 2022 до 2023 година го предводеше женскиот состав на Ростов Дон, по што ја презеде тренерската позиција во Мешков Брест.

Според информациите од белоруските медиуми, Кокшаров се почувствувал лошо непосредно пред тренингот на екипата, по што починал. Првичните информации укажуваат дека причината за смртта е срцев удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e