По поразот од 5-2 од Ливерпул, раководството на Евертон му врачи отказ на тренерот Марко Силва.
Силва пристигна на „Гудисон парк“ во мај 2018 година и со Евертон го освои осмото место во минатата сезона, но по серијата лоши резултати на кои тимот има само една победа во шест меча и се наоѓа на 18. место на табелата во Премиерлигата, челниците решија да го отпуштат.
Еден од кандидатите за наследник на Силва е Дејвид Мојс, кој претходно седеше на клупата на тимот од 2002 до 2013 година.