МотоГП потпиша петгодишен договор и ќе се врати во Бразил од сезоната 2022 година на планираната нова писта во Рио де Жанеиро.
Градот последен пат беше домаќин на трка во Светскикот шамионат во мотоциклизам во 2004 година на патеката во комплексот „Жакарепагва“, кој беше урнат за изградба на нов инфраструктурен објект за потребите на Летните олимписки игри во 2016 година.
Новиот „Рио Моторпарк“, должина патека од 4,5 километри, треба да биде готов на почетокот на наредната година.