Репрезентацијата на Португалија ремизираше против Иран (1-1) и обезбеди осминафинале на Светското првенство (СП) во Русија. Еврпскиот првак ја освои втората позиција на табелата и го искористи киксот на Шпанија, а за четвртфиналната фаза ќе се бори со Уругвај, кој заврши на првото место во групата А.
Рикардо Кварезма беше новото име во составот на Фернанд Сантош по десната крилна позиција. Фудбалерот на Бешикташ беше херој на Португалците кои доминираа во поле во првото полувреме, но им требаше магичен потег пред паузата за конечно да ја пробијат одбраната на иранската репрезентација.
Токму Кварезма се погрижи за почетна предност и тоа со прекрасен погодок кој сигурно ќе биде меѓу најубавите на Мундијалот. 34-годишникот со препознатливото надворешно ефе ја зафати топката и ја смести зад грбот на Беиранванд.
Стартот на вториот дел донесе иницијатива на португалскиот тим кој како да сакаше предвреме да го реши прашањето на победникот. Кристијано Роналдо го немаше никаде, но со само еден потег отвори можност за двојна предност на својата екипа. По разгледувањето на снимката судијата Енрике Касерес досуди најстрога казна, што наиде на големи негодувања кај иранските фудбалери. Можеби правдата беше задоволена со промашувањето на капитенот на Португалија кој лошо го изведе пеналот и пропушти можност да го постигне петтиот погодок на СП.
Мароко од тој момент доби „ветер во грб“ и започна да реди напади пред голот на Руи Патрисио. Роналдо ризикуваше исклучување, но арбитарот одлучи да му даде само жолт картон по еден дуел во кој Португалецот намерно удри кон противничкиот играч. Иранската репрезентација напаѓаше и се бореше до крај и доби шанса во завшрницата, откако беше досуден нов ВАР-пенал. Истиот го реализира Карим Ансари во 94. минута за конечни 1-1 во инфаркт мечот во Саранск.
Репрезентацијата на Шпанија со многу среќа и гол во судиското надополнување успеа да остане непоразена во дуелот со Мароко – 2:2. Па откако Португалија и Иран одиграа нерешено 1:1, „црвената фурија“ го освои првото место во групата и во осминафиналето ќе игра против Русија.
Мароко поведе во 14.минута преку Бутаиб, по грешката на Иниеста. Пет минути подоцна Шпанија изедначи овојпат на асистенција на Иниеста погоди Иско за 1:1. Во финишот на првиот голманот на „црвената фурија“ Де Геа спречи водство на противникот.
Голамнот на Шпанија и во вториот дел беше еден од најдобрите во својата селекција. Мароко имаше две шанси за водство. Во 50.та минута Де Геа реагираше навреме пред Амрабат, а пет минути подоцна играчот на Мароко ја погоди пречката.
И Шпанија имаше една шанса, а ударот на Иско во корнер го исфрли Саис во 62.минута.
Голот за водство на Мароко од 2:1 го постигна во 81.минута, а Ел Несури, кој во игра влезе во 72.минута.
Во судиското надополнување (90+3 минута) Шпанија изедначи со голот на Иаго Аспас од сомнителна позиција откако судијата Равшан Ирматов од Узбекисатн мораше да ја користи и ВАР технологијата.
По оваа одлука дел од играчите на Мароко не сакаа да го продолжат натпреварот.