Искусниот централен дефанзивец, Пепе кој скоро една деценија е дел од шпанскиот гигант Реал Мадрид посочи еден играч кој од лутиот ривал Барселона би го довел на „Сантијаго Бернабеу“.
Иако многумина ќе помислат оти неговиот избор е Лионел Меси, Нејмар или пак Луис Суарез, 33-годишниот Пепе вели оти ниту еден од популарното „МСН“ трио не им е потребен на „кралевите“ со тоа што неговиот избор е колегата од португалската репрезентација Андре Гомеш кој летово од Валенсија се пресели на „Камп Ноу“.
-Да ние играме заедно во репрезентација и добро знам што тој може. Меѓутоа тој од претходно се одлучи за Барселона, -рекол Пепе за „Кадена Сер“.