Паненка: Го обожувам Серхио Рамос

Легендарниот чешки фудбалер, Антонин Паненка, кој е претседател на екипата на Бохемијанс, на шпанските новинари пред мечот Славија Прага – Барселона, им порача дека ги сака и Реал Мадрид и Барса.

Паненка е познат во светот по пеналот со кој го совлада Сеп Маер во финалето на Европското првенство во 1976 година и на Чехословачка ѝ ја донесе титулата континентален првак. Дотогаш не беше видено некој така ризично да изведе пенал, со поткопување на топката. Многу фудбалери успешно го копираат, а шпанскиот капитен Серхио Рамос, е фудбалерот кој најчесто го користи таквиот стил на изведување пенали.

„Многу сум изненаден што Рамос така ги изведува пеналите. Многу го почитувам, особено што е дефанзивец, пеналите обично ги шутираат напаѓачи. Рамос е најдобар одбранбен играч на светот, да сум тренер, би сакал да го имам во тим“, истакна Паненка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e