Пандев и донесе победа на Џенова над Сасуоло

МИА СПОРТ
МИА
МИА СПОРТ Сабо бод за Барселона на дуелот со последнопласираниот Еспањол Барселона, 5 јануари 2020 (МИА) – Иако важеше за огромен фаворит, тимот на…
Show 10 read messages
МИА
to me
3 minutes agoDetails
МИА СПОРТ

Пандев и донесе победа на Џенова над Сасуоло

Џенова, 5 јануари 2020 (МИА) – Одличен почеток на годината за капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев кој вечерва со гол постигнат во финишот на мечот обезбеди победа за Џенова во дуелот со Сасуоло.

Средбата заврши со резултат 2:1. Џенова поведе преку Кришито од пенал во 29. минута, четири минути подоцна изедначи Обијанг, а решавачкиот момент се случи во 86. минута кога Пандев натрча на една нафрлена топка, а по одбранетиот првичен удар, во пад ја зафати топката со глава и постигна гол за голема радост на домашните навивачи.

Со новите три бода, Џенова не е веќе последна во Серија А. Сега има 14 бода (19.место), исто колку и Бреша која е 18-та. Најблиски екипи надвор од „зоната на испаѓање“ се Сампдорија и Лече со по 15 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e