Оле подготвува офанзива за Ракитиќ

Претставниците на Манчестер Јунајтед започнаа преговори за евентуален трансфер на Иван Ракитиќ, пренесува каталонски „Спорт“.

31-годишниот Хрват го загуби своето место во стартниот состав на „Камп Ноу“ и има само 186 минути оваа сезона.

Самиот играч во директен текст изјави дека сака да стори сé што е можно за да се промени ситуацијата и да игра повеќе.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има сериозна потреба од засилување на неговиот среден ред, кој е најслаб кај „црвените ѓаволи“.

Според „Спорт“ од Манчестер Јунајтед, веќе спровеле првични разговори со Каталонците за Хрватот. Од „Камп Ноу“ се вели дека решиле да се разделат со Ракитиќ во јануари, но ќе бараат најмалку 35 милиони за репрезентативецот на Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e