Холандскиот стратег, Франк Де Бур повеќе не е предводник на калчолигашот Интер, објави овој клуб на својата официјална страна.
Откако не успеа да ги врати „нероаѕурите“ на победнички патеки и доби само четири од 11 мечеви во Серија А, Де Бур доби отказ иако на оваа функција стигна во финишот на минатото лето кога го замени Роберто Манчини.
Негов привремен наследник ќе биде тренерот на младиот тим, Стефано Веки кој ќе го води клубот на дуелот против Саутемтон во Лига Европа. Вистинска замена за Холанѓанецот пак се очекува да биде екс стратегот на Лацио, Силвио Пиоли.
Италијанците веќе и се шегуваат со Де Бур кого го испратија дома со евтин лет од 12,74 евра.