Македонските одбојкари ја победија Словенија што е најголем триумф во историјата на нашата одбојка.
Победен е домаќинот на Европското првенство со 3-1, а одбојкарската екипа е блиску до осминафиналето на ЕП.
Ова е втора победа за македонскиот национален тим на ЕП и сега останува да се надеваме на добра разврска на останатите мечеви во групата, пред се Турција да победи против Белорусија, а потоа и против Финска.