Од безбедносни причини: УЕФА ги разделува Русија и Косово при ждрепките

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека Русија и на Косово ќе бидат разделени во ждрепките за репрезентативни и клупски натпреварувања во иднина. Одлуката во Нион е образложена со безбедносни причини и би можела да се примени во пракса веќе на 30 ноември за кога е закажано формирањето на групите за Европското првенство во 2020 година. Се разбира доколку Косово обезбедат пласман.

Косовската селекција е во игра за второто место во групата А, а во случај да не успее, тогаш и преостанува Лигата на нации во која ќе игра со Македонија во полуфиналето.

Русија, која не ја признава независноста на Косово, веќе се пласира на ЕП 2020 и ќе биде домаќин на четири натпревари на континенталниот турнир во Санкт Петербург. Руските клубови се раздвоени и од украинските при ждрепките за европските натпреварувања од 2014 година и припојувањето на Крим.

Косово, пак, покрај со Русија, не може да заврши во иста група и со репрезентациите на Србија и на БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e