Првиот натпревар од англиската Премиер лига, кој се играше денес во 13 часот заврши со резултат 1:1.
Нова пречка на Манчестер Јунајтед во освојувањето на трите бода беше Стоук.
Откако првите 45 минути завршија без голови, резултатот беше отворен во 69 минута со погодокот на Антони Мартиал кој му донесе водство на тимот на Жозе Мурињо. Но 26 годишниот Ален од Стоук во 82 минута од натпреварот успеа да ја смести топката во противничката мрежа и со тоа им донесе дополнителни главоболки на Црвените ѓаволи.
Денес од Премиер лига играат и Леичестер-Соутемптон, Тотенхем-Манчестер Сити и Барнли-Арсенал.
За поврзани вести продолжете надолу