Нико Розберг со помош на Фетел и Раиконен уште на првата кривина го реши победникот во Монца.
По очајниот старт на Луис Хамилтон, двајцата возачи на Ферари му ги закопаа очекувањата.
Розбер во боксот замина во 24-от круг, додека Хамилтон еден круг покасно. Но, британецот, второто место на подиумот го доби благодарение на тактиката на тимот на Мекларен која предвидуваше едно заминување во бокс, додека возачите на Ферари мораа по втор пат да ги заменат пневматиците.
Генерален пласман:
- Луис Хамилтон 250
- Нико Розберг 248
- Данијел Рикардо 161
- Себастијан Фетел 143
- Кими Раиконен 136