Нигеријците одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога и воедно ги постигнаа двата гола преку Ахмед Муса, и со освоените три бода имаат изгледни шанси за пласман во осминафиналето.
Исланд важеше за благ фаворит на овој натпревар, особено поради настапот во првото коло против Аргентина и освоениот бод против селекцијата која важи за еден од главните фаворити за титулата, но вечерва „рибарите“ потклекнаа.
Нигерија со дисциплина и трпелива игра мудро ја чекаше својата шанса и ја дочека во вториот дел преку Ахмед Муса, кој успеа двапати да ја затресе противничката мрежа и да ѝ го трасира патот на својата репрезентација до победа.