Незгода во Белгија: Еди Меркс хоспитализиран по пад од велосипед

Легендарниот белгиски велосипедист Еди Меркс, возејќи се со пријатели, паднал од велосипед и итно е пренесен во болница.

Меркс, кој од 1969 година до 1974 година беше петкратен победник на Тур де Франс, има пет титули и на Џиро Италија и беше трикратен светски првак, важи за еден од најдобрите велосипедисти во историјата. Годинава Тур де Франс почна во Брисел, во чест на 50-годишнината од првиот триумф на Меркс.

Тој сега има 74 години и уште се вози со своето омилено превозно средство на две тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e