Несторовски: Во одлична атмосфера го чекаме натпреварот со Шпанија

Репрезентативниот напаѓач Илија Несторовски со нетрпени го очекува натпреварот против Шпанија од мундијалските квалификации.

– Атмосферата во тимот е одлична, сите размислуваме позитивно и со нетрпение чекаме да играме. На сите ни е јасно е дека мораме да бидеме на највисоко ниво, а на натпреварот ќе видиме колку сме подготвени и како сето тоа ќе изгледа. Ќе се обидеме да презентираме игра како на претходните натпревари, тешко е против Шпанија да играш пресинг или да напаѓаш како што тоа го правевме на дуелите со Израел и Италија, но мораме да истраеме и да се обидеме да продолжиме на тој начин, вели Несторовски.

Членот на Палермо кој е во извонредна форма истакува дека е чест да се игра за националниот тим.

– Се чувствувам одлично, живееме за вакви прилики, имаме чест да го браниме македонскиот дрес и мораме да се докажеме. Мислам дека сме на вистински пат, иако ги загубивме првите натпревари. Фудбалот нас не казни против Албанија, Израел и Италија, но повторно ќе бидеме добри, ќе дадеме се од себе, изјави Несторовски.

Македонија на 12 ноември во Гранада ќе и гостува на Шпанија во 4.коло од квалификациите за СП 2018.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e