Македонската сениорска репрезентација и по три натпревари остана со нула бодови на своето конто во рамките на групата Г од квалификациите за пласман на Светското првентво во Русија. Тоа што е болно за Игор Ангеловски, неговите избраниците и целата македонска јавност е што на сите три средби „црвено-жолтите“ одиграа квалитетно, борбено, ангажирано и заслужија многу повеќе од трите порази од Албанија, Израел и Италија.
Последниот вчера (3-2) од четикратниот светски шампион Италија го доживеавме во судиското продолжение и тоа благодарение на Чиро Имобиле кој се најде на вистинско место и вистинско време.
Еден од погодоците за нас на тој дуел го постига Илија Несторовски кој е разочаран од конечниот епилог, но за истиот има виновник, Џанлуиџи Буфон. Тој смета дека голманот на „аѕурите“ одиграл клучна улога со неговите одбрани во моментите кога можевме да дојдеме до позитива од два гола.
-Да постигнав гол и на дуелот со Израел пред неколку деновови, но како може да бидам среќен. Тимот загуби уште еден меч кој требаше да го добиеме. Прво го гледам колективот, а потоа себеси. Јас сум среќен кога тимот ќе победи, а не дадам гол. Штета, не го заслуживме ова. Што ни фали? Немавме среќа, можевме да дадеме гол за 3-1, а со тоа ќе го затворевме натпреварот. Морам да го споменам Џиџи Буфон кој уште еднаш покажа каква величина е меѓу стативите. Неговите одбрани не чинеа, зошто потоа примивме два брзи гола. Една работа ме лути, можевме да имаме девет бода на табелата, а наместо тоа имаме нула, -вели напаѓачот на Палермо.
За поврзани вести продолжете надолу