Бразилскиот фудбалер силно сака да ги напушти редовите на францускиот првак ова лето и да се врати во Барселона, но Барселона нема доволно пари да го донесе во своите редови, а ПСЖ од друга страна не сака да ја прифати понудата за размена на играчи која каталонскиот клуб ја нудеше.
Француски Л’екип од извори блиски до клубот дознава дека ПСЖ нема намера да прифати било каква понуда за Нејмар која вклучува играчи и дополнителни пари.
Нејмар во претходните две сезони одигра 58 натпревари и постигна 51 гол.