Нејмар да си замине од ПСЖ до крајот на денот!

Шпанската сапуница во кој главната улога ја игра бразилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар, луѓето од ПСЖ бараат да заврши до крајот на денот! Ваквиот јасен и гласен став на првиот човек кај францускиот првак ПСЖ, Насер ал-Хелаифи го пренесе шпанскиот весник „Спорт“.

Претседателот на „светците“ Хелаифи го повикал денеска спортскиот директор Леонардо и му рекол дека повеќе не сака да го гледа Бразилецот во ПСЖ. Од него побарал трансферот да го комплетира во текот на денот.

Делегација Барселона денеска е во Париз. Најновите информации од Шпанија се дека Барса е расположена да направи одстапки во преговорите. Нивната понуда ќе биде 80 милиони евра, како и испраќање на Филипе Кутињо во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e