Не можеа никако да го игнорираат од ЕХФ

Иако Металург настапува во втората дивизија од ракометната Лига на шампионите, блесокот на Филип Талески со 13 погодоци во мечот со Елверум не можеше да биде игнориран од страна на ЕХФ, која го вметна македонскиот ракометар како најдобар лев бек во првото коло.

Талески доби предност во однос на имиња како Хансен од ПСЖ и Жалуз од Барселона, иако Металург не игра во елитните две групи на највисокото елитно натпреварување. Неговото име останува запишано во идеалниот тим на колото покрај Уве Генсхајмер од Париз Сен Жермен, Филип Ивиќ од Кјелце, Кентин Мае од Флензбург и Алекс Дујшебаев од Вардар, кој исто така се најде во одбраното друштво со седум гостигнати погодоци во црвено-црниот дрес при гостувањето кај Кристијанштад.

Талески е првиот Македонец во идеалниот тим на колото во ЛШ по Кире Лазаров кој исто така добиваше вакви признанија за настапите во дресот на Барселона минатата година.

Комплетниот избор на ЕХФ може да се погледне во следниот видео прилог на официјалната страница.

Извор: Дерби

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e