Не Меси,туку Тер Штеген е најважниот играч на Барса во ЛШ досега

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не беше многу среќен по успехот од 2-1 над Славија (Прага) во Лигата на шампионите.

Каталонците повторно имаа многу потешкотии да ги освојат трите бода, а уште еднаш голманот Марк-Андре тер Штеген имаше клучни интервенции. Ова го забележа и менторот.

„Тер Штеген е нашиот најважен играч во сите натпревари во Лигата на шампионите до денес. Очекувавме ваков настап од Славија. Кога ја губевме топката, тие излегуваа во предните позиции. На крајот, тие ризикуваа толку многу што се чинеше дека се браниме од лавина од напади. Треба да научиме како подобро да контролираме вакви натпревари. Имавме подобри шанси, но и недостасуваше мир во нашата половина. Можевме да го решиме натпреварот многу порано“, рече Валверде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e