Навивачка тепачка во Украина, уапсени 12 лица (ВИДЕО)

Украинската полиција соопшти денес дека се уапсени 12 лица кои биле вклучени во тепачка на околу 100 навивачи пред мечот Олександрија и Сент Етјен во Лвов.

Според наводите на полицијата инцидентот се случил во средата навечер ден пред мечот од Лига на Европа, а во тепачката биле вклучени украински, француски и германски навивачи.

Полицијата наведе дека се уапсени четворица навивачи од Лвов, како и осум странци, а во инцидентот се повредени и двајца полицајци.

Мечот меѓу Олександрија и Сент Етјен се игра вечерва од 21 часот.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e