Наоми Осака избра јапонско пред американско државјанство

Наоми Осака ги презеде првите чекори кон откажување од американското државјанство, јавија јапонските медиуми во четвртокот.

Целта на јапонската тенисерка е да учествува на Олимписките игри во 2020 година. 21-годишната ѕвезда, чии родители се од Јапонија и Хаити, сака да ја претставува Јапонија на Олимпијадата во Токио следната година. Наоми Осака е на третото место на светската ранг-листа.

Таа е шампион на Австралија опен 2019 година, како и на Отвореното првенство на САД во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e