Најава за зимска трансфер „бомба“: Мурињо остварил контакт со ѕвезда на ПСЖ од средниот ред

Жозе Мурињо на одличен начин ја стартуваше новата натпреварувачка сезона како предводник на Манчестер Јунајтед, но двата последователни порази од Манчестер Сити и Феенорд се покажаа како доволни брзо да се заборават првите три победи по кои неговиот тим беше на врвот на табелата во Премиер лигата.

Лошото прво полувреме во градското дерби и поразот од Феенорд во Холандија беа доволна причина да се отвори голема дебата во англиската јавност за тоа до каде може да оди тимот на Мурињо оваа сезона, а не се чекаше долго за да се подгреат шпекулациите и за првата трансфер мета на Португалецот кога е во прашање зимскиот преоден рок.

Пол Сколс јасно му посочи на Мурињо дека ќе мора да купи квалитетен играч од средниот ред за да го ослободи Пол Погба од големиот притисок, а дека ваков фубалер навистина може да пристигне на „Олд Трафорд“ уште во јануари стана доста реално откако агентот на Лукас Моура откри дека Португалецот веќе стапил во контакт за неговиот клиент.

– Мора да кажам дека Лукас Моура беше блиску до Реал Мадрид, но не поради инсистирање на Флорентино Перез, туку на Мурињо. Мурињо беше, и се уште е заљубен во Моура. До толку го следи, што веќе го посакува и за својот нов тим во Манчестер Јунајтед, – открил Вагнер Рибеиро, агентот на одличниот 24-годишен играч за врска во изјава за „ЕСПН“.

Извор: Дерби

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e