Награда за фантастичната партија: Ристовски избран во идеалниот тим на колото во ЛШ

Изминативе неколку денови се одигра и третата рунда во најквалитетното ракометно натпреварување на стариот континент, Лигата на шампионите во кое брилијантна партија имаше нашиот репрезентативец Борко Ристовски.

Членот на Барселона блескаше во Германија на дерби средбата против Флензбург на која каталонците славеа со 28-27, а нашиот нас добра 18 одбрани и ги откажа противниците да дојда до поволен резултат.

Ова издание на Борко беше наградено од ЕХФ и тој се најде во идеалната седумка на колото. Кој му прави друштво на македонскиот министер за одбрана можете да погледнете ОВДЕ, а пак ТУКА се петте најатрактивни интервенции на голмани.

Во следниов прилог пак можете да ги видите Топ 5 голови.

Тим на колото:

Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)

Лев бек: Ким Екдал Ду Риц (Рајн Некар Левен)

Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)

Десен бек: Шиме Ивиќ (Висла Плоцк)

Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)

Пивот: Николас Турнат (Нант)

Голман: Борко Ристовски (Барселона)

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e