Ирскиот боксер Конор Мекгрегор во сериозни проблеми. Против него е покренато обвинение за напад на постар човек пред околу два месеци што предизвика лавина реакции во јавноста, откако видео запис од инцидентот се појави на социјалните мрежи.
Мекгрегор треба да се појави на суд на 11 октомври, а во најлош случај да мине шест месеци во затвор и да плати 1.500 евра што е максимална можна казна за вакво дело.
На видеото се гледа како Мекгрегор се обидува да натера лице кое седи до него да пие виски од неговиот бренд. За одбиената понуда си доби в лице, потег што предизвика шок меѓу присутните.Мекгрегор се обидел да ја среди ситуацијата со извинување, но тешко дека ќе помине само со тоа.
„Неважно е што се случило. Едноставно згрешив, изјави Ирецот за кого ова не е прв јавен испад.