На мета од „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. ќе „пука“ на Манџукиќ во зимскиот преоден рок

Манчестер јунајтед ќе стори се што е во негова моќ за ангажман на Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок. Според „Дејли мејл“, хрватскиот напаѓач ќе биде главната цел на „црвените ѓаволи“ во јануари како замена за Ромелу Лукаку кој летово ја прифати понудата на Интер.

Оле Гунар Солскјер сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во репрезентативецот на „коцкестите“ гледа совршено решение. Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид се чини дека не е во плановите на Маурисио Сари и подготвен е за разделба со Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e