МЗТ загуби од Будуќност на турнирот „Мирза Делибашиќ“

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаа пораз од Будуќност со 78-72 во полуфиналната пресметка на меморијалниот турнир „Мирза Делибашиќ“.

Македонскиот шампион иако настапи без Џош Скот, Шарлон Клоф, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ одлично му се спротистави на црногорскиот состав кој во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу организаторот Босна Ројал и хрватска Цедевита.

Урош Лучиќ и Темс со 16 односно 15 поени беа најпрецизни во таборот на „металците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e