МЗТ Скопје со пораз го започна својот прв настап во кошаркарскиот Еврокуп, но мора да се напомене дека нашиот првак загуби крајно несреќно и со звукот на сирената на гостувањето во Литванија кај Литкабелис (90:89).
Тимот од Аеродром делуваше загубено во најголем дел од мечот, покажуваше ранливи точки во одбраната и во нападот како и на претходните четири натпревари во АБА лигата, но сепак денеска покажа ограмен карактер и само на среќата не го посака да оставри воведна победа во Еврокупот.
Кошаркарите предводени од Јончевски се вратија од голема негатива од 23 поени, дури и поведоа со тројката која ја даде Синовец на три секунди пред крајот, но во последната акција следуваше преголема казна за нашиот претставник кој прими кош во последната секунда. Вилијамс не беше прецизен во својот прв обид, но Таролис беше највисок во скокот и со поени комплетно ги разочара „металците“ кои заслужија победа благодарение на пожртвуваното издание во завршницата.
На крајот, добрата претстава и карактерот кој го покажаа во вториот дел од мечот ќе послужи само за кревање на тимскиот дух кој и тоа како ќе биде потребен во второто коло од Еврокупот кога МЗТ ќе ги одмери силите со Цедевита.
За поврзани вести продолжете надолу